Турција го осуди терористичкиот напад чија цел беше една црква во Индонезија

Министерството за надворешни работи соопшти дека со големо жалење е дочекан реализираниот терористички напад врз една црква во градот Макасар во провинцијата Јужно Сулавеси во Индонезија во кој беа ранети најмалку 20 лица

1610227
Турција го осуди терористичкиот напад чија цел беше една црква во Индонезија

Турција го осуди терористичкиот напад чија цел беше една црква во Индонезија.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дочекан реализираниот терористички напад врз една црква во градот Макасар во провинцијата Јужно Сулавеси во Индонезија во кој беа ранети најмалку 20 лица.

Во соопштението се вели следното: „Како земја која долги години води борба против тероризмот и даде голем број жртви на тероризмот, силно го осудуваме овој грозоморен напад. На ранетите во нападот им посакуваме побрзо оздравување, по тој повод би сакале да го нагласеме тоа дека сме во солидарност со пријателскиот и братски индонезиски народ и со Владата на Индонезија.“

 



Слични вести