Состанок на претседателскиот кабинет: Главна точка на дневниот ред е борбата против Ковид-19

Главна точка на дневниот ред на состанокот на претседателскиот кабинет кој ќе се одржи денеска под претседателство на претседателот Ердоган, ќе биде борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1610379
Состанок на претседателскиот кабинет: Главна точка на дневниот ред е борбата против Ковид-19

Денеска во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Главна точка на дневниот ред на состанокот ќе биде борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Ќе биде направена проценка на едномесечниот период во постепената нормализација, ќе биде анализиран растот на бројките (инфектираните), ќе се следи текот на мутираниот вирус.

Ќе биде разгледано влијанието на епидемијата пред се на здравството, како и на образованието, економијата и социјалниот живот. Ќе се одлучи како ќе се продолжи со мерките против епидемијата. 

На состанокот ќе биде направена проценка и на последната состојба во процесот на вакцинација во земјата. Ќе се стои на патната карта во вакцинацијата.

Ќе биде разгледана набавката на вакцини од странство, а пред се од Кина, Германија и Русија, како и последната состојба во работите за подготвување на домашна вакцина.

Донесените одлуки на состанокот на претседателскиот кабинет потоа од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе бидат споделени со јавноста.

 



Слични вести