Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен на 6 април ќе ја посетат Турција

Баренд Лејтс, портпаролот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, информира дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен на 6 април ќе ја посетат Турција

1610679
Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен на 6 април ќе ја посетат Турција

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен на 6 април ќе ја посетат Турција.

Портпаролот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Баренд Лејтс, на својот профил на социјалната медија го соопшти датумот кога ќе биде остварена посетата на раководството на Европската унија (ЕУ) на Турција.

Лејтс информира дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен на 6 април во Турција ќе се состанат во претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, по одржаниотт Лидерски самит на Европската унија (ЕУ) минатата недела соопшти дека се контактира со турските органи за реализирање на посета на Турција во текот на месец април, но не го кажа точниот датум на остварување на оваа посета.

На последниот одржан Лидерски самит на Европската унија (ЕУ) беше одлучено да се зајакне соработката со Турција по прашањата на економијата, миграцијата, контактите меѓу општествата и патувањето.

 



Слични вести