Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со турските бизнисмени во Душанбе

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Во Душанбе најпрвин со нашите бизнисмени кои имаат значајни придонеси за нашите односи со Таџикистан направивме проценка на можностите за соработка“

1610109
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со турските бизнисмени во Душанбе
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu Türk İş Adamları Duşanbe2.jpg
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu Türk İş Adamları Duşanbe3.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Таџикистан, Душанбе кадешто престојува во официјална посета, се состана со турските бизнисмени.

Министерот Чавушоглу на остварената средба со турските бизнисмени истакна дека претходно ги посети Туркменистан, Узбекистан и Киргистан, а потоа се состана и со министерот за надворешни работи на Казахстан Мухтар Тилеуберди, а воедно рече дека посакуваат да бидат развиени односите и да им се придаде тежина на Централна Азија и турскиот свет.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, напиша: „Во Душанбе најпрвин со нашите бизнисмени кои имаат значајни придонеси за нашите односи со Таџикистан направивме проценка на можностите за соработка.“

Инаку, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Таџикистан кадешто учествува на 9. министерска конференција Срцето на Азија-Истанбулскиот процес што ќе се одржи на 30 март во копретседателство на Таџикистан и Авганистан.



Слични вести