Турција жестоко го осуди насилството врз цивилите во Мјанмар

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека со загриженост се следи тоа дека и покрај сите повици на меѓународната заедница воениот режим во Мјанмар уште повеќе го заголемува смртоносното насилство врз цивилното население

1609715
Турција жестоко го осуди насилството врз цивилите во Мјанмар

Турција жестоко го осуди насилството врз цивилите во Мјанмар.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со загриженост се следи тоа дека и покрај сите повици на меѓународната заедница воениот режим во Мјанмар уште повеќе го заголемува смртоносното насилство врз цивилното население.

Во соопштението се вели дека се чувствува големо жалење од најголемиот број човечки загуби досега за време на интервенциите од страна на армиските единици, а воедно се подвлекува следното: „Силно го осудуваме ова прекумерно насилство против цивилите во Мјанмар. По тој повод го повторуваме нашиот повик веднаш да се стави крај на овие насилства врз цивилите, веднаш да бидат ослободени сите притворени избрани лидери, политички личности и цивили и да бидат фрлени неопходните чекори за враќање кон демократија.“

Инаку, за време на вооружената интервенција од страна на безбедносните сили на вчерашните одржани протести против воениот удар и притворањето на членовите на избраната Влада во Мјанмар, беше истакнато дека бројот на загинатите се зголеми на 114 лица.



Слични вести