Претседателот Ердоган објави порака по повод 27 март - Светскиот ден на театарот

Претседателот Ердоган во пораката напиша: „На нашите театарски уметници, работници и љубителите на уметноста им го честитам Светскиот ден на театарот, од сѐ срце, со најискрени чувства, ги поздравувам сите мои граѓани“

1609861
Претседателот Ердоган објави порака по повод 27 март - Светскиот ден на театарот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 27 март - Светскиот ден на театарот.

Според објавеното писмено соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган во пораката нагласува дека театарот од минатото досега прикажува на сцената се што постои во врска со животот и човекот и дека е една од ефикасните гранки на уметноста која ги состанува со заедничко чувство под ист покрив гледачите и театарските глумци.

Велејќи дека чувствуваат задоволство од тоа што се гледа дека постои голема заинтересираност кон театарот од секоја годишна возраст и од секоја средина и во Турција која располага со богато театарско искуство, претседателот Ердоган информира дека тогаш кога дојдоа на власт бројот на театарските сцени во државните театри од 23 го зголемија на 77, а воедно бројот на приватните театри коишто се поддржуваат од 59 е зголемен на 328.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака по повод 27 март - Светскиот ден на театарот, напиша: „На нашите театарски уметници, работници и љубителите на уметноста им го честитам Светскиот ден на театарот, од сѐ срце, со најискрени чувства, ги поздравувам сите мои граѓани.“

 



Слични вести