Во операција на МИТ на северот на Ирак е неутрализиран значаен терорист на ПКК

Во реализирана прекугранична операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) во областа Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани еден значаен терорист на ПКК и уште двајца други терористи

1609678
Во операција на МИТ на северот на Ирак е неутрализиран значаен терорист на ПКК

Во реализирана прекугранична операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) во областа Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани терористот по име Хусејин Инал и уште двајца терористи заедно со него, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, за кои било установено дека ќе учествуваат на еден состанок за подготвување за реализација на терористичка акција во Турција.

Според добиени информации од безбедносни извори, Националната разузнавачка служба (МИТ) во реализирана прекугранична операција во областа Метина во северниот дел на Ирак го неутрализира терористот Хусејин Инал познат под кодното име „Каркер Ќуреџик“ кој кон руралниот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се приклучил од терористичкиот камп Лаврион во Грција.

Како што е установено, Хусејин Инал по добиената обука во кампот Лаврион со цел да се приклучи кон руралниот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во 2018 година преминал во организациските кампови во северниот дел на Ирак.

За терористот Инал кој приближно 3 години водел активности во камповите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК е установено дека ќе учествува на еден состанок во областа Метина во северниот дел на Ирак за подготвување за реализација на терористичка акција во Турција, со реализирана прекугранична воздушна операција на 22 февруари беше неутрализиран заедно со уште двајца други терористи.

 



Слични вести