Претседателот Ердоган го прими катарскиот министер за надворешни работи Ал Тани

Приемот се одржа во дворецот Вахдеттин во Истанбул, беше затворен за медиумите и траеше 1 час 45 минути

1609615
Претседателот Ердоган го прими катарскиот министер за надворешни работи Ал Тани

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими катарскиот министер за надворешни работи Шејх Мухамед Бин Абдурахман Ал Тани.

Приемот се одржа во дворецот Вахдеттин во Истанбул, беше затворен за медиумите и траеше 1 час 45 минути. 

На средбата беше разговарано за зголемувањето на трговскиот обем помеѓу Турција и Катар, новите можности за соработка, борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), а беше направена проценка и на регионални и меѓународни случувања. 



Слични вести