Порака со сочувство од Турција до Египет за загинатите во трагичната железничка несреќа

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со сочувство до Египет поради загинатите во трагичната железничка несреќа што се случи вчера во која животите ги загубија повеќе од 30 лица, а голем број лица беа повредени

1609550
Порака со сочувство од Турција до Египет за загинатите во трагичната железничка несреќа

Турција објави порака со сочувство поради железничката несреќа во Египет.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи во врска со трагичната железничка несреќа што се случи вчера во областа Тахта во провинцијата Сохак во Египет во која загинаа повеќе од 30 лица, а голем број лица беа повредени се истакнува следното:  „На загинатите во несреќата им посакуваме милост од Аллах, на повредените побрзо оздравување, го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски египетски народ и на семејствата и блиските на починатите.“



Слични вести