Порака од претседателот Ердоган по повод светата ноќ Берат (Лејлетул Берат)

Ердоган: „Ноќта Берат кога се наговестува Рамазан-и Шериф, милоста на Аллах ги прекрива земјата и небесот и целиот универзум ги поканува кон спасение, посакувам да биде повод за добрина и добри работи за нашиот народ, исламскиот свет и за целото човештво“

1609714
Порака од претседателот Ердоган по повод светата ноќ Берат (Лејлетул Берат)

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер посака светата ноќ Берат (Лејлетул Берат) да послужи за доброто на турскиот народ, исламскиот свет и за целото човештво.

Ердоган во објавата напиша: „Ноќта Берат кога се наговестува Рамазан-и Шериф, милоста на Аллах ги прекрива земјата и небесот и целиот универзум ги поканува кон спасение, посакувам да биде повод за добрина и добри работи за нашиот народ, исламскиот свет и за целото човештво. Нека е честита оваа наша ноќ.“

Во пораката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беа споделени и четвртиот ајет на сурата Духан од светата муслиманска книга Куран-и Керим „Во оваа ноќ се одлучува секоја совршено одредена работа“, како и фотографијата на Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи (Големата Џамија Аја Софија).



Слични вести