Писмо со покана од Бајден до Ердоган за Самитот за климата во виртуелна средина на 22-23 април

Американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо со покана за Самитот за климата до лидерите на 40 земји меѓу кои и до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1609373
Писмо со покана од Бајден до Ердоган за Самитот за климата во виртуелна средина на 22-23 април

Од страна на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е објавено соопштение во врска со Лидерскиот самит за климата што ќе се одржи на 22-23 април преку интернет, во виртуелна средина. 

Бајден испрати писмо со покана до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за Лидерскиот климатски самит.

Американскиот претседател Џо Бајден освен претседателот Ердоган ги покани за Самитот лидерите на 40 земји, вклучувајќи ги и рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Во соопштението на американската администрација се информира дека на Лидерскиот самит ќе се потцртаат итноста од посилна борба против климатските промени и економските придобивки од порешителното дејствување на светската заедница за климатските прашања, а воедно се изнесува констатацијата дека „Овој самит ќе биде значајна пресвртница, пред Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени што ќе се одржи во месец ноември во Глазгов“. 

Инаку, претходниот американски претседател Доналд Трамп во 2017 година соопшти дека САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор и на 4 ноември 2019 година официјално се повлекоа од овој договор.

Потоа со доаѓањето на власт на Џо Бајден во јануари, САД повторно се вратија на договорот.



Слични вести