Министерот Сојлу оствари видео-конференциска средба со својот германски колега Зехофер

Двајцата министри за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и Хорст Зехофер, освен за борбата против тероризмот, миграцијата и безбедносни прашања, разговараа и за процесот на борбата против епидемијата на Ковид-19

1609672
Министерот Сојлу оствари видео-конференциска средба со својот германски колега Зехофер

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу оствари видео-конференциска средба со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер. 

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, на средбата освен борбата против тероризмот, миграцијата и безбедносни прашања, беше разгледан и процесот за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Двајцата министри за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и Хорст Зехофер, на видео-конференциската средба истакнаа дека се едногласни по прашањето на унапредување на позитивните односи помеѓу министерствата на двете земји и продолжување на разговорите во наредниот период.

 



Слични вести