Бајден: Ја споделувам болката на турските граѓани и семејствата подложени на влијанието на Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден во испратеното писмо до претседателот Ердоган со кое го покани на Лидерскиот самит за климата истакна дека ја споделува болката на турските граѓани и нивните семејства кои се подложени на влијанието на Ковид-19

1609376
Бајден: Ја споделувам болката на турските граѓани и семејствата подложени на влијанието на Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во кое го покани на Лидерскиот самит за климата што ќе се одржи на 22-23 април преку интернет, во виртуелна средина. 

Американскиот претседател Џо Бајден освен претседателот Ердоган ги покани за Самитот за климата лидерите на 40 земји, вклучувајќи ги и рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Бајден, освен тоа во писмото испратено до претседателот Ердоган истакна дека ја споделува болката на турските граѓани, нивните семејства и на турскиот народ кои се подложени на влијанието на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Инаку, од страна на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден беше објавено соопштение во кое се истакнува дека на Лидерскиот самит за климата што ќе се одржи на 22-23 април во виртуелна средина се поканети лидерите на 40 земји меѓу кои и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Ши Џинпинг. 

Во соопштението се информира дека на Лидерскиот самит ќе се потцртаат итноста од посилна борба против климатските промени и економските придобивки од порешителното дејствување на светската заедница за климатските прашања.

Во истото соопштение се изнесува констатацијата дека „Овој самит ќе биде значајна пресвртница, пред Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени што ќе се одржи во месец ноември во Глазгов“. 

Да потсетеме дека, претходниот американски претседател Доналд Трамп во 2017 година соопшти дека САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор и на 4 ноември 2019 година официјално се повлекоа од овој договор.

Потоа со доаѓањето на власт на Џо Бајден во јануари, САД повторно се вратија на договорот.

 

 



Слични вести