МНР: „Заклучната декларација на ЕУ претставува одраз на тесноградност на неколку земји“

Позитивните чекори на Унијата што ќе ги презеде во врска со заедничките интереси, ќе бидат прифатени со позитивни чекори од земјата кандидат Турција

1608739
МНР: „Заклучната декларација на ЕУ претставува одраз на тесноградност на неколку земји“

Турција, заклучната декларација на Самитот на Европската унија (ЕУ) ја оцени за извештај кој беше усвоен под влијание на тесноградите тврдења на неколку земји членки на Унијата и еднонасочните погледи кон односите меѓу Турција и ЕУ.

Не задоцни реакцијата на Турција против декларацијата на лидерите на земјите-членки на ЕУ чиј самит се одржа преку видео конференција.

Во соопштението кое беше објавено од Министерството за надворешни работи во врска со декларацијата беше истакнато следното:

„Иако во вреднувањето на извештајот под наслов „Состојбата на политичките, економските и трговските односи меѓу Турција и ЕУ“ кој беше изготвен врз основа на заклучната декларација на Самитот на ЕУ што беше подготвена од страна на потпретседателот на Европската комисија, Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Борел“ се истакнува позитивна агенда, исто така беше утврдено дека истиот е подготвен под влијание на тесноградите тврдења на некои земји членки и едностраниот приод кон односите меѓу Турција и ЕУ.

Но и покрај тоа, ги поздравуваме напорите за рефлектирање на односите меѓу Турција и ЕУ на поволна агенда  и реториките кои се обидоа да се рефлектираат во Декларацијата на Самитот за да напредуваат врз основа на позитивна агенда.

Како земја-кандидат за преговори и согласно целите за членство во ЕУ и ние искрено сакаме да ги развиваме нашите односи со ЕУ, кои ќе се засноваат на соработка и заемна корист. Впрочем, намалувањето на напнатоста и повторното функционирање на дискретните канали на дијалог беше овозможено со напорите на Турција и неколку рационални земји-членки на ЕУ. Во тој контекст, нашето легитимно очекување е да се преземат конкретни и конструктивни чекори од ЕУ кои ќе се засноваат на позитивна агенда. Се надеваме дека овие чекори ќе бидат условени со декларацијата на Самитот, осврнувајќи се само на одредени области и одложувањето до јуни, нема да предизвикаат губење на позитивната атмосфера.

Иако сме подготвени да работиме со ЕУ и дадовме конкретни предлози со цел да продолжиме да се имплементираат и обновуваат со сите елементи на Консензусот од 18 март, вклучително и соработката за миграцијата, од страна на ЕУ беше игнорирана сеопфатната содржина на Консензусот, селективно беа избрани некои делови и објавени нејасни изјави,  поради што  чекорите што ги презеде ЕУ ​​која што сакаме да ја претвориме во глобален актер, за жал беа многу слаби.

Сметаме дека е потребно да се работи на едно поглавје во рамките на преговорите за пристап, наместо на дијалогот во областите на владеење на правото и основните права. Во тој контекст, очекуваме ЕУ да ги отвори поглавјата 23 и 24 во согласност со новата рамка за стратегија за проширување.

Турција ќе ги продолжи со напори за решавање на регионалните кризи како што се Либија, Сирија и Јужен Кавказ. Соработката со ЕУ за овие прашања ќе придонесе за унапредување на регионалниот мир и стабилност и нашите заеднички интереси. Гледано од тој аспект, ние сме за итно започнување на воспоставените механизми за дијалог на високо ниво не само во регионалните прашања и здравството, туку и во сите области што им служат на нашите заеднички интереси, како што се економијата, енергетиката, транспортот, контратероризмот, управувањето со миграциите и визната либерализација.

ЕУ која го игнорира максималистичкиот став и еднострани провокативни активности на грчкото и кипарско грчко дуо или истите не може да ги спречи со духот на солидарност на ЕУ, како и оценувањето на активностите за дупчење на нашата земја и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источен Медитеран, се коси со меѓународното право. ЕУ нема овластување и надлежност во тој поглед. Од друга страна пак, изразите во соопштенијата и изјавите за Кипар, се текстови што ги бранат интересите на кипарската грчка страна и не придонесуваат за евентуално помирување. Фактот дека во декларацијата повторно не се реферира на кипарските Турци и нивните легитимни права и интереси покажува дека продолжува пристрасниот и предрасуден став на ЕУ кон Кипар.

Позитивните чекори на Унијата што ќе ги презеде во врска со заедничките интереси, ќе бидат прифатени со позитивни чекори од земјата кандидат Турција“.



Слични вести