Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.900.829

До крајот на мај во Турција очекуваме да пристигнат 100 милиони дози

1608734
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.900.829

 

Во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа на Турција се регистрирани 157 смртни случаи.

Вкупниот број на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 30.619.

Во последните 24 часа беа остварени 222.753 тестови, а беа регистрирани 1.210 ново заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 28.731.

Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 19.186 лице, додека вкупниот број на оздравените пациенти се зголеми на 2.900.829.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека досега во Турција се вакцинирани 14 милиони дози вакцини.

Министерот Коџа по состанокот на Научниот советодржа прес конференција. Коџа истакна дека во Турција пристигнале 1,4 милиони дози од вакцината БиоТек. На почетокот на април се очекува да пристигнат уште 4,5 милиони дози. Дополнително постигнавме договор за опционални  30 милиони дози.

До крајот на мај во Турција очекуваме да пристигнат 100 милиони дози вакцини“.

Министерот за здравство Коџа потенцираше дека „денес нашата земја започна со студиите на фаза 1 против сличните честички на вирусот. Овој вид вакцина е кандидат за најиновативните вакцини  во светот“ реле Коџа.



Слични вести