Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 153 лица, регистрирани се 29.081 позитивен случај

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 153 лица, направени се 220.985 тестирања од кои се регистрирани 1.253 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 29.081 лице

1609310
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 153 лица, регистрирани се 29.081 позитивен случај

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 153 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 30.772 лица. 

Во изминатите 24 часа се направени 220.985 тестирања од кои се дијагностицирани 1.253 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 29.081 лице.

Заврши лекувањето на уште 20.208 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 921 илјада 073 лица.


 



Слични вести