Турција ги осуди неприфатливите изјави на францускиот претседател

Одговорите на претседателот на Франција Емануел Макрон на намерните прашања на водителот на програмата се косат со пријателските и сојузнички односи меѓу нашите земји и истите се неприфатливи

1607892
Турција ги осуди неприфатливите изјави на францускиот претседател

 

Турција соопшти дека обвинувачките изјави на францускиот претседател Емануел Макрон против претседателот Реџеп Тајип Ердоган се неприфатливи и неконзистентни.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој, остро реагираше против програмата на француската државна телевизија Франс 5 која се емитуваше вчера (ПРЕТХОДНА) вечер. Аксој во изјавата рече:

„Одговорите на претседателот на Франција Емануел Макрон на намерните прашања на водителот на програмата се косат со пријателските и сојузнички односи меѓу нашите земји и истите се неприфатливи.

Турција во однос на Источен Медитеран, Сирија и Либија водеше легитимна политика заснована врз меѓународното право.

Јасно е дека објавувањето на оваа програма која беше подготвена намерно пред Самитот на Европската унија (ЕУ) и беше насочена против „Европска Турција“ како и неоснованите и неконзистентни тврдења нема да ја постигнат целта.

Турција како резултат на регионалните политики што ги следи како и блиските односи со земјите-членки на Европскиот континент ќе продолжи да биде активна и ефективна во НАТО и трансатлантските односи и ќе продолжи да дава најголем придонес.

Од друга страна, наводните тврдења што ги изнесе г-динот Макрон дека „Турција ќе интервенира на претстојните избори во внатрешната политика на Франција“, за кои ги засноваше на дефинитивни одредби, сметаме дека се многу опасни од аспект на отуѓувањето на заедниците од странско потекло што живеат во земјата.

На дневниот ред на Турција не постои агенда за мешање во внатрешните работи на Франција, освен просперитетот, мирот и хармонијата на околу 800 илјади жители на турската заедница што живеат во оваа земја. Соодветно на тоа, неводењето дебата особено во предизборниот период на Франција во врска со Турција, е наше оправдано и легитимно очекување.

Сметаме дека овие изјави на г-динот Макрон се несреќни и неконзистентни особено во период кога преземеме чекори за намалување на тензијата во односите меѓу двете земји со цел да истата да ја препуштиме на смиреност и пријателство. Во основата на неодамнешните проблеми со Франција лежи токму оваа неискреност и недоследност на  Франција. Да потсетиме дека Турција на соодветен начин ќе одговори на позитивните и негативни ставови и дискурси на Франција“.



Слични вести