Претседателот на Собранието Шентоп: Борбата против тероризмот ќе продолжи да е значајна точка на дневниот ден за сите

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека борбата против тероризмот ќе продолжи да е значајна точка на дневниот ден за сите

1608578
Претседателот на Собранието Шентоп: Борбата против тероризмот ќе продолжи да е значајна точка на дневниот ден за сите

Денеска во Анталија започна 4. Конференција на претседателите на парламенти за борба против тероризмот и зајакнување на регионалните врски чиј домаќин е претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Конференцијата ќе трае два дена, денеска и утре, (24 и 25 март). 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп на отоврањето на конференцијата истакна дека борбата против тероризмот ќе продолжи да е значајна точка на дневниот ден за сите.

Привлекувајќи внимание дека неприфатливо е сфаќањето „мојот терорист е добар, твојот терорист е лош“, Шентоп истакна дека борбата против секој вид и секоја форма на тероризам треба да се води со иста одлучност.

Мустафа Шентоп појасни дека сигурно треба да се избегнува од двојни стандарди во оваа тешка и искомплицирана борба.

„Една терористичка организација не може да биде партнер во борбата што се води против една друга терористичка организација. Впрочем, следењето на селективна политика меѓу терористичките организации сигурно ќе има негативни последици од аспект на нашата заедничка безбедност.“ - рече Шентоп. 

Подвлекувајќи дека Турција во ист момент води борба против голем број терористички организации како што се ПКК/ПЈД/ЈПГ, ФЕТО, ДЕАШ и Ал Каида, Шентоп појасно дека тероризмот кој се прифаќа и согледува како основна закана против меѓународниот мир6и безбедноста, со сите негови форми и манифестирања долго време како претставува извор на закана и загриженост. 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп воедно привлече внимание дека со одлучност продолжува да се води борба против секој вид терористичка активност и сите терористички организации, без да се прави било каква разлика.

 



Слични вести