Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со својот кинески колега Ванг Ји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека се посакува односите помеѓу Турција и Кина да бидат издигнати на ниво на обемно стратешко партнерство

1608641
Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со својот кинески колега Ванг Ји
wang yi-cavusoglu.jpg

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во рамките на регионалните посети со кои ќе бидат опфатени 6 земји допатува во посета на Турција.

Ванг Ји во Анкара се состана со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. 

На средбата помеѓу двајцата шефови на дипломатии, Ванг Ји и Мевлут Чавушоглу беше разговарано за односите помеѓу двете земји.

Освен тоа беа разменети мислења во врска со актуелни регионални и меѓународни прашања.

Најпрвин се одржа средба лице в лице помеѓу двајцата министри за надворешни работи Мавлут Чавушоглу и Ванг Ји, а потоа се премина на меѓуделегациски разговори.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кусо време пред да се премине на меѓуделегациски разговори ќе чувствуваат задоволство од посетата на кинескиот претседател Ши Џинпин на Турција и дека по тој повод се посакува односите помеѓу Турција и Кина да бидат издигнати на ниво на обемно стратешко партнерство.

Чавушоглу ја сподели информацијата дека и состанокот на консултативниот механизам на министрите за надворешни работи ќе се одржи во наредниот период на обемен начин. 

Двајцата министри за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Ванг Ји, потоа ја прошетаа фотографската изложба на која е прикажана соработката помеѓу Турција и Кина во полето на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји потоа беше примен и кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести