Хулуси Акар: Од 1 март досега во северните делови на Сирија и Ирак се неутрализирани приближно 220 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека од 1 март досега се неутрализирани повеќе од 200 терористи, приближно 2020 терористи, од кои повеќето во северниот дел на Сирија, заедно и со северниот дел на Ирак

1608648
Хулуси Акар: Од 1 март досега во северните делови на Сирија и Ирак се неутрализирани приближно 220 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелниот дневен ред при што ги информираше дека оствари телефонски разговор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посветен на случаите на прекршување на прекинот на огнот во Сирија.

Велејќи дека телефонскиот разговор со неговиот руски колега Шојгу бил конструктивен, Хулуси Акар рече: „Взаемно ги изнесовме сите овие прекршувања, постигнавме согласност по прашањето на преземање на одредени мерки и на тој начин ги продолжуваме нашите работи.“

Акар истакна дека Турција која има за цел прекинот на огнот во подрачјето да биде траен и што поскоро да дојде мирот, продолжува да ги дава своите придонеси по ова прашање на секое ниво.

Тој рече: „Што поскоро треба да бидат ставени под контрола овдешните терористички групи. Треба да бидат ставени во примена низа мерки за борба против нив. Постигнавме согласност (со Русија) по прашањето на взаемно работење по ова прашање.“

Велејќи дека се дава потребниот одговор на секој вид провокација во Сирија, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Од 1 март досега има одредени обиди, напади од страна на терористите. Како резултат на дадениот одговор на сите нив, се неутрализирани повеќе од 200 терористи, приближно 220 терористи, од кои повеќето во северниот дел на Сирија, заедно и со северниот дел на Ирак.“

 



Слични вести