Турција изрази сочувство за загинатите во пожарот во Кокс Базар

За жал во пожарот, нашата теренска болница, која обезбедуваше здравствени услуги на бегалците Рохинги во регионот, целосно е неупотреблива

1607289
Турција изрази сочувство за загинатите во пожарот во Кокс Базар

Турција објави порака со сочувство за оние кои ги загубија своите животи во пожарот во араканските бегалски кампови во Кокс Базар во Бангладеш.

Во писменото соопштение објавено од Министерството за надворешни работи беше истакнато дека веста за пожарот што избувна во логорите во Кокс Базар вчера (претходниот ден) и кој предизвика сериозни штети на многу засолништа, како и загуби на животи и имот, беше примена со голема тага.

Во соопштението беше изразено сочувство до семејствата на оние кои го загубија животот во пожарот и беше изразена желба за што побрзо закрепнување на повредените.

„За жал во пожарот, нашата теренска болница, која обезбедуваше здравствени услуги на бегалците Рохинги во регионот, целосно е неупотреблива“.

Од друга страна пак, во соопштението беше уште еднаш силно беше изразена поддршката на Турција на араканските бегалци и Владата на земјата домаќин Бангладеш, а исто така беше  нагласено дека Турција внимателно ќе го следи процесот.

„Нашата земја одлучно ќе ги продолжи своите активности за доставување хуманитарна помош за бегалците Рохинга на сите полиња. Важно е меѓународната заедница да ја зголеми поддршката за Бангладеш. Во оваа прилика, уште еднаш го повторуваме нашиот повик за преземање на неопходните чекори за да се обезбеди безбедно, доброволно, чесно и трајно враќање на муслиманите Рохинга во Мјанмар“.

Претставникот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) за Бангладеш, Јоханес Ван дер Клаув изјави дека во пожарот што избувна во кампот Балухали во Кокс Базар, загинаа најмалку 15 лица, а нема пристап до 400 лица.



Слични вести