Средба Чавушоглу-Блинкен во Штабот на НАТО во Брисел

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Блинкен, кои престојуваат во Брисел за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО за прв пат се состанаа директно лице в лице по стапувањето на должност на Блинкен

1607766
Средба Чавушоглу-Блинкен во Штабот на НАТО во Брисел
blinken-cavusoglu.JPG

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Штабот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел се состана со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Блинкен, кои престојуваат во Брисел за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО за прв пат се состанаа на средба директно лице в лице по стапувањето на должност на Блинкен.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Антони Блинкен како последно на 15 февруари остварија телефонски разговор.

Притоа Чавушоглу и Блинкен освен билатералните односи помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) направија проценка и на бројни регионални прашања, борбата против тероризмот вклучувајќи ги и терористичките организации како што се Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и ПКК/ПЈД, противвоздушно одбранбените системи С-400 кои ги купи Турција од Русија, како и прашања посветени на Сирија и Источниот Медитеран.



Слични вести