Ердоган повторно избран за претседател на АК партијата

Претседателот на државата и претседател на АК партијата Реџеп Тајип Ердоган ги освои сите валидни 1.428 гласови

1607859
Ердоган повторно избран за претседател на АК партијата

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше реизбран за претседател на Партијата за правда и развој (АК партија) и ги освои сите 1.428 важечки гласови на 7-от Редовен голем конгрес.

Заврши гласањето за избор на претседателот на АК партијата што се одржа во рамките на 7-от Редовен голем конгрес во Спортската сала во Анкара.

Според резултатите од изборот, на гласањето гласаа 1.431 делегати од кои 1.428 гласови беа валидни, 3 гласови се сметаа за неважечки.

Претседателот на државата и претседател на АК партијата Реџеп Тајип Ердоган беше реизбран за претседател на АК Партијата, освојувајќи ги сите валидни 1.428 гласови.

На истото гласање беше определен и новиот состав на Централниот одлучувачки и управен одбор на  партијата кој се состои од 75 членови.

Ердоган во говорот на благодарност рече:

„Сакам посебно да ви се заблагодарам на сите затоа што уште еднаш ме избравте за претседател на партијата.“

Претседателот Ердоган во врска со „Републичкиот сојуз (формиран со Партијата за националистичко движење (МХП)) рече дека тоа не е обичен сојуз, туку консензус за срцата“.



Слични вести