Ердоган оствари телефонски разговор со Драги

Зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји, ќе придонесе за стабилност и просперитетот на заедничка географија

1607263
Ердоган оствари телефонски разговор со Драги

Претседателот Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при претседателството, на средбата беа разменети мислења во врска со чекорите што треба да се преземат за унапредување и развој на односите меѓу Турција и Италија како и регионални прашања.

Претседателот Ердоган на Марио Драги му ги пренесе честитките за изборот за премиер на Италија.

Зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји, ќе придонесе за стабилност и просперитетот на заедничка географија, рече Ердоган, потенцирајќи дека тоа Турција бара што побрзо да се одржи Третиот меѓувладин самит во услови кога епидемијата ќе дозволи.

Претседателот Ердоган изјави дека Турција е посветена на целта за зголемување на билатералниот обем на трговија на 30 милијарди долари и дека сакаат да продолжат со интензитетот што го постигнаа, особено во одбранбената индустрија.

Полноправно членство на Турција во Европската унија (ЕУ) и натаму претставува стратешката цел за Турција, рече Ердоган изразувајќи дека верува оти Италија ќе продолжи со силната поддршка на Турција.

„За жал, Италија и Турција беа оставени сами во имиграциската криза“ рече Ердоган посочувајќи дека се налага неопходна потреба за азилантите беше неопходна фер поделба на товарот и одговорноста пред азилантите.

Во тие рамки треба да се ажурира и Консензусот од 18 март (Договор за реадмисија) кој полни пет години, рече претседателот Ердоган  потенцирајќи дека со преземање холистички пристап, треба да се ажурира наведувајќи дека основата за позитивна агенда која што се вложуваат напори да се формира меѓу Турција и ЕУ со визна либерализација (за турските граѓани), ажурирање на Царинска унија и отворање и започнување ново поглавје на преговорите, се од суштинско значење.



Слични вести