Ердоган: „Ќе ги посетиме мајките во Дијарбакир“

Не само во Турција туку и во целиот свет нема ваква политичка партија

1607439
Ердоган: „Ќе ги посетиме мајките во Дијарбакир“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ќе ги посетат насолзените мајки во Дијарбакир, чии деца беа киднапирани од сепаратистичката терористичка организација ПКК.

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија), Ердоган им се обрати на сопартијците што чекаа надвор во Спортската сала во Анкара, каде што дојде да присуствува на 7-от редовен голем конгрес.

Во своето обраќање, Ердоган истакна дека бројот на членови на неговата партија достигна 13 милиони 500 илјади со повеќе од 1 милион млади луѓе и повеќе од 5 милиони жени членови.

„Не само во Турција туку и во целиот свет нема ваква политичка партија“ рече Ердоган.

Осврнувајќи се на мајките во Дијарбакир чии деца беа киднапирани од ПКК, Ердоган рече: „Иншала во најскоро лично ќе ги посетиме нашите насолзени мајки во Дијарбакир“.



Слични вести