Денес Ердоган ќе го објави изборниот манифест на АК партијата за 2023

По конгресот ќе се преобликува структурата на Централниот одлучувачки и управен одбор

1607360
Денес Ердоган ќе го објави изборниот манифест на АК партијата за 2023

 

Денес владејачката Партија за правда и развој (АК партија) ќе го одржи 7-от редовен голем конгрес.

Претседателот на државата и претседател на АК партијата Реџеп Тајип Ердоган во рамките на конгресот на неговата партија што ќе се одржи во Спортската сала во Анкара ќе го објави изборниот манифест за 2023 година. Ердоган ќе им се обрати на сопартијците и ќе го изрази своето очекување од организацијата. По конгресот ќе се преобликува структурата на Централниот одлучувачки и управен одбор.

Од АК партијата беа испратени покани до 11 политички партии за големиот конгрес. Слоганот на Конгресот гласи „Безбедност и стабилност за Турција“.

Поради новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19), на конгресот не беа поканети гостите од странство, додека на конгресот беа поканети ограничен број претставници на невладини организации, инвалидни лица и нивни роднини на бранители и херои.

За конгресот беа подготвени една специјална песна и 3 промотивни филмови.



Слични вести