Чавушоглу за средбата со Блинкен: Рековме дека Турција ги купи С-400 и дека оваа работа е завршена

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава по средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен рече: „Уште еднаш рековме дека Турција ги купи С-400 и дека оваа работа е завршена“

1607924
Чавушоглу за средбата со Блинкен: Рековме дека Турција ги купи С-400 и дека оваа работа е завршена

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Штабот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел се состана со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Блинкен, кои престојуваа во Брисел за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО за прв пат се состанаа на средба директно лице в лице по стапувањето на должност на Блинкен.

Мевлут Чавушоглу во направената проценка по средбата истакна дека со својот американски колега Антони Блинкен рзговараа за прашања како што се Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), сепаратистичко-терористичката организација ПКК и купените ракетно одбранбени системи С-400 од Русија.

Тој рече: „Уште еднаш рековме дека Турција ги купи С-400 и дека оваа работа е завршена. Истакнавме дека не можевме да ги купиме овие производи од нашите сојузници.“

Велејќи дека остварија конструктивна средба со Блинкен Чавушоглу рече: „Поттсетивме и на растечките напади на (сепаратистичко-терористичката организација) ПКК во последно време. Сириското прашање го разгледавме и со неговите хуманитарни димензии.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу појасни дека постигнаа согласност со американскиот државен секретар Антони Блинкен по прашањето на одржување на пообемен состанок во Турција или во Соединетите Американски Држави (САД).

Наведе дека конференцијата за Авганистан сакаат да се оствари во текот на месец април и рече: „Не сакаме алтернативна платформа на Доха, сакаме да оствариме состанок за поддршка.“ 

Чавушоглу, по прашањето на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) го рече следното: „ Царинската унија треба да се ажурира, треба да се стави во примена визната либерализација. Значајно е правичното споделување во Источниот Медитеран. Водиме напори за трајно решение на Кипар.“ 

Во меѓувреме, американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) соопшти дека на остварената средба Чавушоглу-Блинкен беа нагласени заедничките интереси меѓу двете земји и дека освен тоа Блинкен го информираше својот колега во врска со приодот по прашањето на С-400.

 



Слични вести