Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.881.643

Во последните 24 часа беа остварени 221.738 тестови

1607882
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.881.643

 

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 146 смртни случаи.

Вкупниот број на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 30.462.

Во последните 24 часа беа остварени 221.738 тестови, а беа регистрирани 1.142 ново заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 29.762.

Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 17.761 лице, додека вкупниот број на оздравените пациенти се зголеми на 2.881.643.



Слични вести