Жозеп Борел: ЕУ посакува да развие „соседски и најдобри односи“ со Турција

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел рече: „Ние посакуваме да воспоставиме билатерални односи со Турција, како земја кандидат, сосед и значајна земја со која би можеле ги развиеме соседски и најдобри односи“

1606355
Жозеп Борел: ЕУ посакува да развие „соседски и најдобри односи“ со Турција

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел по одржаниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) ги информираше новинарите и одговараше на поставените прашања.

Борел го рече следното: „Ние посакуваме да воспоставиме билатерални односи со Турција, како земја кандидат, сосед и значајна земја со која би можеле да развиеме соседски и најдобри односи. Тоа сакаме да го направиме бранејќи ги интересите на земјите членки и на Европската унија (ЕУ).“

Нагласувајќи дека односите со Турција беа меѓу главните точки на дневниот ред на состанокот, Борел рече дека прашањето ќе биде разгледано на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) на 25-26 март, дека подготвениот извештај на Европската комисија (ЕК) содржи препораки и дека и министрите направија дополнителни проценки.

Жозеп Борел, истакнувајќи дека од Турција во последно време се добиваат позитивни сигнали, застана во одбрана на тоа дека и покрај тоа што е намалена затегнатоста во Источниот Медитеран ситуацијата е кршлива и одредени внатрешни случувања во Турција загрижуваат.

„Со министрите постигнавме согласност по прашањето на поддржување на позитивните случувања. Ние посакуваме да воспоставиме билатерални односи со Турција, како земја кандидат, сосед и значајна земја со која би можеле да развиеме соседски и најдобри односи. Тоа сакаме да го направиме бранејќи ги интересите на земјите членки и на Европската унија (ЕУ).“ - рече високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.

 



Слични вести