Турција ги осуди терористичките напади во Нигер

Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека со жалење е дознаено за смртта на најмалку 40 лица во реализираните терористички напади на 21 март 2021 година во населените места во близина на градот Ти

1606364
Турција ги осуди терористичките напади во Нигер

Турција ги осуди терористичките напади во западноафриканската држава Нигер.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека со жалење е дознаено за смртта на најмалку 40 лица во реализираните терористички напади на 21 март 2021 година во населените места во близина на градот Тилиа во областа Тахуа во Нигер.

Во соопштението се вели следното: „Жестоко ги осудуваме овие грозни напади. Ја споделуваме болката на пријателскиот и братски нигерски народ и на Владата на Нигер, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нинвите блиски.“

Инаку, бројот на загинатите во реализираните напади во неделата во западноафриканската држава Нигер, во близина на границата со Мали, се зголеми на 137 лица.

Портпаролот на Владата на Нигер Закариа Абдурахмане во дадената изјава за државната телевизија информира дека бројот на загинатите во реализираните напади во селата Интазајене, Бакорат и Вистане во областа Тахуа во неделата (21 март) се зголеми на 137 лица.

Претходно беше соопштено дека во нападите загинаа 30 лица.

 

 



Слични вести