Шентоп на 24 и 25 март ќе биде домаќин на конференција за борба против тероризмот

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп ќе биде домаќин на 4. Конференција на претседателите на парламенти за борба против тероризмот и зајакнување на регионалните врски што ќе се одржи на 24-25 март во Анталија

1606786
Шентоп на 24 и 25 март ќе биде домаќин на конференција за борба против тероризмот

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп ќе биде домаќин на 4. Конференција на претседателите на парламенти за борба против тероризмот и зајакнување на регионалните врски. 

Според добиени информации, конференцијата ќе се одржи на 24-25 март во Анталија.

На конференцијата ќе учествуваат претседателот на Народниот Парламент на Авганистан Мир Рахман Рахмани, претседателот на Националното Собрание на Пакистан Асад Каисер, претседателот на комитетот за безбедност и одбрана на Претставничкото Собрание на Ирак Мухамад Ридха Ал Хаидар.

Освен тоа ќе има учество и преку интернет и тоа претседателот на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес на Народна Република Кина Ли Заншу, претседателот на Комисијата за надворешни работи на Исламското Советодавно Собрание на Иран Можтаба Зонори, претседателот на Комисијата за надворешни работи на Државната Дума на Руската Федерација Леонид Слутскиј.

Освен тоа на отворањето на конференцијата ќе испрати видео порака и претседателот на Исламското Советодавно Собрание на Иран Бакир Галибаф.

На состанокот, Турција ќе ја претставува делегација предводена од претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и составена од членовите на претседателството на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), претседателите и потпретседателите на специјализираните комисии, претседателите на турските делегации при парламентарните асамблеи, претседателите на меѓупарламентарните групи за пријателство и пратеници. 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп ѝ ќе го одржи уводниот говор на конференцијата ѝ ќе ја води уводната седница.

 



Слични вести