Портпаролот Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на САД Суливан

Портпаролот Ибрахим Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на САД Џејк Суливан со кого направија проценка на билатералните односи и бројни други актуелни случувања

1607028
Портпаролот Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на САД Суливан

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за Национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Суливан. 

Според објавеното соопштение од портпаролството на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани пред се билатералните односи помеѓу Турција и САД, регионални прашања како Сирија, Либија и Ирак, како и борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Беше подвлечено дека блиските сојузнички односи помеѓу Турција и САД треба да напредуваат на основа на којашто ќе бидат фокусирани на заеднички интереси и стратешки приоритети во рамките на меѓусебно почитување, а беше нагласено и значењето од вложување на заеднички обид за изнаоѓање решение со конструктивен ангажман за прашања како што се С-400 и Ф-35 како елементи на несогласување помеѓу двете земји.

Во разговорот беше изнесена чувствителноста и решителноста на Турција по прашањето на потребата од водење борба со одлучност против сите видови терористички групи без правење на било каква разлика меѓу нив, вклучувајќи ги и ПЈД/ЈПГ/ПКК, ДЕАШ и ФЕТО. 

Беше истакнато дека во период кога се очекува да бидат поддржани политичкиот процес и работите за Уставот за воспоставување на трајниот мир и стабилноста во Сирија треба да бидат сопрени нападите против цивилите во оваа земја.

Во разговорот помеѓу портпаролот на претседателството Ибрахим Калин и советникот за Национална безбедност на САД Џејк Суливан исто така беше изнесено задоволството од тоа што откако Владата на национално единство на Либија  доби доверба е постигнат напредок на патот на функционирање на политичкиот процес и воспоставувањето на стабилната во оваа земја.

Во разговорот воедно беше подвлечено дека со одлучност ќе продолжи да се води борба во глобални рамки за спречување на секој вид насилство врз жената.

 



Слични вести