Нова сесија од ТРТ Ворлд Форум од серијата „Дигитални дискусии“: Брегзит и иднината на ЕУ

Утре вечер во 20:00 часот по турско време ќе се одржи нова сесија од серијата „Дигитални дискусии“ коишто се организираат од страна на „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum) чиј наслов гласи „Брегзит и иднината на Европската унија (ЕУ)“

1606554
Нова сесија од ТРТ Ворлд Форум од серијата „Дигитални дискусии“: Брегзит и иднината на ЕУ

Во рамките на утрешната сесија на серијата „Дигитални дискусии“ коишто се организираат од страна на „ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) излагачи експерти ќе го постават на маса прашањето „Брегзит и иднината на Европската унија (ЕУ)“.

Според објавеното соопштение од страна на Турската радио и телевизија (ТРТ), во склопот на серијата „Дигитални дискусии“ што ќе се одржи утре вечер во 20:00 часот по турско време ќе се дискутира за тоа како Брегзит влијаеше на внатрешните динамики на Европската унија (ЕУ) и на какво влијание поради  Брегзит ќе биде подложена улогата на ЕУ надвор од Европа.

Модератор на сесијата ќе биде професорот на катедрата за социологија при Универзитетот Мармара и искусниот член на Центарот за истражување на ТРТ Ворлд Талип Ќучукџан, додека гости излагачи ќе бидат Ласло Андор, генерален секретар на Фондацијата за европски прогресивни студии и Марк Гарнет, професор на Универзитетот Ланчестер.

Сесијата којашто ќе започне утре вечер во 20:00 часот по турско време ќе може да се следи во живо на профилите на „ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) преку социјалните медиуми, на Јутјуб (@trtwordlforum), Фејсбук (@trtwordlforum) и Твитер (@trtwordlforum).

Во делот за прашања и одговори гледачите ќе можат да им поставуваат прашања на гостите-излагачи.



Слични вести