Чавушоглу во Брисел се состана со својот црногорски колега Радуловиќ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Брисел кадешто отпатува за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО и за билатерални средби и разговори, се состана со својот црногорски колега Ѓорѓе Радуловиќ

1606363
Чавушоглу во Брисел се состана со својот црногорски колега Радуловиќ
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu Karadağ Dışişleri Bakanı Djordje Raduloviç Görüşme.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу синоќа во главниот град на Белгија, Брисел се состана со црногорскиот министер за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ.

Чавушоглу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека во Брисел кадешто отпатува за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО и за билатерални средби и разговори, се состана со својот црногорски колега Ѓорѓе Радуловиќ.

Велејќи дека Радуловиќ во рамките на Дипломатскиот форум во Анталија и Самитот на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа  (ПСЈИЕ или SEECP) ќе допатува во Турција, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го истакна следното: „Се зголемуваат нашите инвестирања во Црна Гора. Ќе го споделиме нашето искуство во туризмот. Ќе соработуваме против пандемијата (новиот тип коронавирус Ковид-19).“

 



Слични вести