Чавушоглу: Со Борел постигнавме согласност за продолжување на позитивната агенда

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека на средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел е постигната согласност за заедничко работење за продолжување на позитивната агенда

1606392
Чавушоглу: Со Борел постигнавме согласност за продолжување на позитивната агенда
çavuşoğlu borrell.jpeg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу синоќа во Брисел кадешто отпатува за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, во рамките на своите билатерални средби и разговори се состана вечера со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел со кого разговараа за односите меѓу Турција и ЕУ.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер  истакна дека на средбата со Борел е постигната согласност за заедничко работење за продолжување на позитивната агенда меѓу Турција и ЕУ.

Мевлут Чавушоглу во објавата напиша: „Со високиот претставник на ЕУ Борел ќе работиме заедно за продолжување на позитивната агенда меѓу Турција и ЕУ.“ 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така ја нагласи и потребата од поголема соработка меѓу Анкара и Брисел во однос на прашања како што се ажурирањето на Царинската унија , визната лиерализација, нерегуларната миграција и борбата против тероризмот.

 



Слични вести