Чавушоглу порача од Брисел: Ќе продолжи борбата на Турција против сите терористички организации

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел истакна дека Турција ќе ја продолжи борбата против сите терористички организации

1607030
Чавушоглу порача од Брисел: Ќе продолжи борбата на Турција против сите терористички организации

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска говореше на првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО којшто започна денеска во штабот на Сојузот во главниот град на Белгија, Брисел и ќе продолжи и денеска, на вториот ден.

Чавушоглу, во врска со својот говор што го одржа на првата седница на состанокот информираше на својот профил на социјалната мрежа Твитер кадешто истакна дека Турција ќе ја продолжи борбата против сите терористички организации.

Мевлут Чавушоглу информира дека Турција ќе биде домаќин на состанокот на високо ниво за мировниот процес во Авганистан, а воедно појасни дека ќе продолжи и поддршката на Турција за воспоставување на стабилноста во Либија.

„ПКК/ЈПГ е закана и за Ирак и Сирија. Нашата борба против сите терористички организации ќе продолжи.“ - напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на Твитер.



Слични вести