Соопштение од МНР во врска со повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека одлуката за повлекување од Истанбулската конвенција не треба да се прокоментира како правње отстапка од борбата против насилството врз жената

1605638
Соопштение од МНР во врска со повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција

Турција соопшти дека одлуката за повлекување од Истанбулската конвенција не треба да се прокоментира како правње отстапка од борбата против насилството врз жената.

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со меѓународните проценки во однос на повлекувањето од Конвенцијата на Советот на Европа (Истанбулската конвенција) во врска со спречувањето на насиството врз жената и насилството во семејството и борбата против нив.

Во соопштението на Министерството се истакнува следното: „Република Турција секогаш била покрај жената во унапредувањето на нејзините права, зајакнувањето на нејзината општествена улога и заштитата од насилство. Конвенцијата на Советот на Европа во врска со  спречувањето на насиството врз жената и насилството во семејството и борбата против нив, е конвенција којашто е подготвена со основна цел за борба против насилството врз жената. Заедно со тоа, елементите во конвенцијата и различни применувања создадоа чувствителност кај јавноста и станаа причина за критики. Всушност и внатре во Советот на Европа во голем број земји се присутни дискусии во врска со конвенцијата и некои земји потписнички на конвенцијата се воздржаа од нејзино ратификување.

Повлекувањето на Република Турција од конвенцијата не треба да се прокоментира како отстапка од борбата против насилството врз жената. Правата на жената се ставени под гаранција со најнапредни норми во националното законодавство на Република Турција. Нашата земја исто како и досега и во иднина ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки со своите институции и организации, со сфаќање за покажување нула толеранција против насилството врз жената, а воедно и зајакнувањето уште повеќе на правата на жената и поефикасното водење на борбата против насилството врз жената.“

 



Слични вести