Јенс Столтенберг: Турција е од критично значење за заштитата и одбраната на Европа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг стави акцент на критичното значење на Турција во одбраната на НАТО пред дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Сојузот кој ќе започне утре и ќе трае во текот на два дена

1606217
Јенс Столтенберг: Турција е од критично значење за заштитата и одбраната на Европа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг стави акцент на критичното значење на Турција во одбраната на НАТО...

Столтенберг, во дадената изјава пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што ќе започне утре и ќе трае во текот на два дена (утре и задутре) нагласи дека НАТО располага со многу значајно место во одбраната на Европа и рече дека тоа се прифаќа и од страна на Европската унија (ЕУ), а на само од страна на НАТО.

Велејќи дека 90 отсто од населението на Европската унија (ЕУ) истовремено живее во земјите членки на НАТО, но дека само 20 отсто од одбранбените трошоци се обезбедуваат од страна на земјите членки на Европската унија (ЕУ), генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со одбраната на Европа го рече следното: „Тоа делумно е прашање на пари, меѓутоа истовремено е во врска и со географијата. На север Исланд, на југ Турција, на запад секако Соединетите Американски Држави (САД), Канада и Велика Британија. Сите од овие земји се од критично значење за одбраната и заштитата на Европа.“

 



Слични вести