Претседателот Ердоган оствари телефонски разговори со либиските лидери Менфи и Дибејбе

Претседателот Ердоган во телефонските разговори ги пренесе своите честитки по повод добиената доверба на Владата на национално единство на Либија од Претставничкото собрание

1605226
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговори со либиските лидери Менфи и Дибејбе

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари одделни телефонски разговори со претседателот на претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи и со премиерот Абдулхамид Дибејбе.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во овие телефонски разговори беше направена проценка на односите помеѓу Турција и Либија и регионални случувања.

Претседателот Ердоган во телефонските разговори ги пренесе своите честитки по повод добиената доверба на Владата на национално единство на Либија од Претставничкото собрание и рече дека повторно зазеленеа надежите за изнаоѓање трајно решение во Либија.

Велејќи „Турција која секогаш ги зема за основа суверенитетот, независноста, територијалниот интегритет и политичкото единство на пријателска и братска Либија, ќе продолжи да и ја дава секој вид неопходна поддршка на оваа земја“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган информира дека и во наредниот период треба да биде зајакната уште повеќе соработката  на здрава основа помеѓу двете земји и да бидат зачувани заедничките придобивки.

 



Слични вести