Претседателот Ердоган разговараше телефонски со словенечкиот претседател Борут Пахор

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со словенечкиот претседател Борут Пахор на кого му се заблагодари за принципиелната поддршка што ја дава неговата земја на процесот за членство на Турција во Европската унија (ЕУ)

1605177
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со словенечкиот претседател Борут Пахор

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Словенија Борут Пахор. 

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор помеѓу двајцата претседатели, Ердоган и Пахор, беа разгледани прашања со коишто ќе бидат развиени односите помеѓу Турција и Словенија. 

Претседателот Ердоган во разговорот истакна дека чувствува радост од унапредувањето на односите помеѓу двете земји во секоја сфера, на 10-годишнината од Договорот за стратешко партнерство помеѓу Турција и Словенија.

Ердоган изрази желба стратешкото партнерство да наполни уште десетици години и исто како на билатералните односи да придонесе и на мирот, стабилноста и просперитетот. Тој изрази верување дека економските и трговските односи на Турција и Словенија коишто добија интензитет во последните години располагаат со многу поголем потенцијал.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се заблагодари за принципиелната поддршка што ја дава Словенија на процесот за членство на Турција во Европската унија (ЕУ), а воедно посака и привременото претседателствување со ЕУ коешто ќе го преземе Словенија почнувајќи од 1 јули да стане повод за конкретни резултати од аспект на унапредувањето на односите меѓу Турција и ЕУ.

 



Слични вести