Наплатена сметката за истреланите ракети врз Килис: Уништени се повеќе од 20 терористички цели во Тел Рифат

Турските вооружени сили (ТВС) ја наплатија сметката за истреланите ракети врз градот Килис од спротивната страна на границата со Сирија и во отворениот оган врз подрачјето на Тел Рифат се уништени повеќе од 20 терористички цели на ПКК/ЈПГ

1605108
Наплатена сметката за истреланите ракети врз Килис: Уништени се повеќе од 20 терористички цели во Тел Рифат

Даден е потребниот одговор на ракетите коишто завчера (18 март) беа истрелани од страна на терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ од подрачјето на Тел Рифат врз градот Килис, во непосредна близина на границата со Сирија.

Уништени се повеќе од 20 терористички цели на ПКК/ЈПГ, а се неутрализирани и голем број терористи.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со ракетите кои беа истрелани од подрачјето на Тел Рифат од спротивната страна на границата со Сирија и паднаа во градот Килис, вчера го рече следното: „Извршениот напад секако не може да се прифати. Одговорот на тоа пак, повторно го дадовме, го даваме и ќе го дадеме неколкукратно.“

Денеска се појавија деталите на „дадениот одговор“ на нападот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, за којшто станува збор.

Според добиени информации од безбедносни извори, веднаш по паднатите ракети во Килис елементите на Турските вооружени сили (ТВС) реализираа истрели за казнување врз утврдени точки на спротивната страна на границата од каде се проценува дека беше извршен нападот. 

Заедно со местата од каде беше извршен нападот, со помош на артилериски и топовски орудија беа погодени и цели на терористите во Тел Рифат. Со реализираните истрели беа уништени повеќе од 20 цели на терористичката организација. 

Како што се истакнува како резултат на овие истрели се неутрализирани и голем број терористи.

 



Слични вести