Претседателот Ердоган: Изразите на Бајден во врска со Путин не му доликуваат на еден претседател

Претседателот Ердоган во врска со изразот што Бајден го употреби во врска со Путин кого го нарече „убиец“ го рече следното: „Овие изрази на господинот Бајден во врска со Путин се изрази кои не му доликуваат на еден претседател“

1604653
Претседателот Ердоган: Изразите на Бајден во врска со Путин не му доликуваат на еден претседател

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава во Истанбул, во врска со изразот што американскиот претседател Џо Бајден го употреби во врска со рускиот претседател Владимир Путин кого го нарече „убиец“ го рече следното: „Овие изрази на господинот Бајден во врска со Путин се изрази кои не му доликуваат на еден претседател.“

Претседателот Ердоган се осврна и на двете ракети кои паднаа во градот Килис, а кои беа истрелани ракети од подрачјето на Тел Рифат на спротивната страна на границата со Сирија, кое инаку се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, во врска со што рече: „Секако дека нападот врз Килис е напад којшто не може да се прифати. Одговорот на тоа го дадовме, го даваме и ќе го дадеме неколкукратно.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, воедно истакна дека говорот што ќе го одржи во среда (24 март, 2021 година) на 7. редовен голем конгрес на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) ќе биде манифест на 2023 година.

Тој рече: „Со одлучен начин ги направивме нашите подготовки во точката на одржување на конгресот. Моментално сѐ се подготвува на најидеален начин од нашите слогани, до говорот што ќе го одржиме во среда. Говорот што ќе го одржам во среда ќе биде речиси манифест за 2023 година.“



Слични вести