Министерот Сојлу: Грчката крајбрежна стража истепа 7 мигранти, со пластични лисици на рацете ги фрли во морето

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека екипите на крајбрежната стража на Грција на 7 мина мигранти им ставиле пластични лисици на рацете и ги оставиле во морето без спасувачки елеци и чамец

1604608
Министерот Сојлу: Грчката крајбрежна стража истепа 7 мигранти, со пластични лисици на рацете ги фрли во морето

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија информира дека екипите на крајбрежната стража на Грција на 7 мина мигранти им ставиле пластични лисици на рацете и ги оставиле во морето без спасувачки елеци и чамец.

Сојлу го напиша следното: „Екипите на грчката крајбрежна стража ноќеска истепаа 7 мина мигранти им ги запленија личните работи и заврзување на нивните раце со пластични лисици без спасувачки елеци и чамец ги фрлија во морето, на смрт. Нашата крајбрежна стража во 02:55 часот по локално време спасија двајца мигранти и ги извлекоа живи од морето, а беше извлечено мртвото тело на еден од нив. Продолжува да се трага по останатите четворица мигранти кои се водат како исчезнати.“

Министерот за внатрешни работи на својот профил на социјалната медија ги сподели и снимките од моментот на спасување на мигрантите од страна на екипите на турската крајбрежна стража.



Слични вести