Јасни пораки од министерот за национална одбрана Хулуси Акар до САД и Грција

Хулуси Акар истакна дека не може да се прифати поддршката на САД на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ, додека во однос на присутните проблеми со Грција рече дека не можат да се прифатат провоцирачките активности на ова земја

1604380
Јасни пораки од министерот за национална одбрана Хулуси Акар до САД и Грција

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера учествуваше на церемонијата што се одржа во Министерството по повод одбележувањето на 18 март - Денот на сеќавање на шехидите и 106-годишнината од Поморската победа на Чанаккале.

Во говорот што го одржа овде, министерот Акар истакна дека она што се очекува од сите пријателски и сојузнички земји и од секој оној кој ги брани човечките вредности се очекува да презентираат силен став и заедничка волја против тероризмот.

Акар рече: „Не го сметаме за правилно тоа што Соединетите Американски Држави (САД) под изговор дека се води борба против ДЕАШ и даваат поддршка на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ. Бидејќи ПКК е иста-еднаква со ЈПГ. Нема никаква разлика помеѓу нив.“

Нагласувајќи дека во правец на директивите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во северните делови на Сирија и Ирак и во Источниот Медитеран се застанува во одбрана на правата и интересите на племенитиот турски народ, министреот Акар рече: „Водиме борба и за пријателските, сојузничките, братските, угнетените и оштетените народи на просторите со коишто сме поврзани со емотивни врски на чело со Азербејџан и Либија, како и за сите човечки вредности коишто се газат.“

Хулуси Акар истакна дека со искреност се верува оти треба да се изнајде решение по пат на дијалог и за проблемите во Егејското Море, Источниот Медитеран и на Кипар, во врска со што појасни дека се водат интензивни напори.

„Воените вежби коишто ги одржува Грција со провокативна намера, наоружувањето на островите со невоен статус во спротивност со договорите, овторањето на овие острови на странските воени бродови, тврдењето на оваа земја во врска со континенталниот гребен во спротивност со меѓународното право, нејзините неразумни и нелогични барања во Егејското Море и Источниот Медитеран, секако ја зголемуваат затегнатоста. Овие провоцирачки активности и јазикот на закана се апсолутно неприфатливи. Еден ваков начин на однесување на никој начин нема да придонесе за решавање на проблемите. Секој треба да знае дека со сето тоа не може да се постигне ништо.“

 



Слични вести