Изјави од функционери на ЕУ во врска со денешната видео-конференциска средба Ердоган-Лејен-Мишел

Функционер на ЕУ во врска со денешната видео-конференциска средба, истакна дека на претстојниот Лидерски самит на ЕУ на 25-26 март ќе се разговара за односите со Турција и дека средбата е во својство на подготовка за овој самит

1604235
Изјави од функционери на ЕУ во врска со денешната видео-конференциска средба Ердоган-Лејен-Мишел

Функционери на Европската унија (ЕУ) соопштуваат дека денешната видео-конференциска средба на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел ќе се фокусира на тоа како ќе се развиваат односите меѓу Турција и ЕУ на основа на соработка.

Функционер на Европската унија (ЕУ) кој ги информираше новинарите во врска со видео-конференциската средба, истакна дека на претстојниот Лидерски самит на ЕУ на 25-26 март ќе се разговара за односите со Турција и дека состанокот што ќе се одржи со претседателот Ердоган е во својство на подготовка за самитот.

Истиот функционери го рече следното: „Средбата ќе се фокусира на тоа како ќе може да се воспостави стабилноста во Источниот Медитеран и како ќе бидат развиени односите со Турција коишто ќе се потпираат на обострана корист и соработка.

Велејќи дека се очекува да бидат разгледани и контактите помеѓу Турција и Грција, функционерот информира дека би можеле да бидат поставени на дневен ред и други регионални прашања како што се Кипарските преговори и Либија.

Истиот функционер на Европската унија (ЕУ) исто така нагласи дека двете страни би можеле да работат на прашања како што се економијата, трговијата, контактите меѓу народите, соработката во сферата на миграцијата и интензивираниот дијалог во секторалните политики.



Слични вести