Турската крајбрежна стража во Егејското Море во близина на Сеферихисар кај Измир спаси 158 мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море во близина на Сеферихисар кај градот Измир спасија 158 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1603489
Турската крајбрежна стража во Егејското Море во близина на Сеферихисар кај Измир спаси 158 мигранти

Од водите на Егејското Море во близинана населеното место Сеферихисар кај градот Измир се спасени и извадени на копно 158 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

По добиени информации дека на неколку сплавови во близина на месноста Доганбеј се наоѓаат група мигранти, веднаш стапија во акција екипите на турската крајбрежна стража.

Притоа од 8 сплава беа спасени 158 нерегуларни мигранти кои беа качени на чамецот на турската крајбрежна стража.

Во меѓувреме, беа притворени и 6 мина други сомнителни лица кои по незаконски патишта се обидувале да излезат од Турција.



Слични вести