Церемонија пред Споменикот на шехидите во Чанаккале по повод 18 март - Денот на сеќавање на шехидите

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека судбината на секој непријател кој гаи претензии кон територијалниот интегритет на Турција ќе резултира со тежок пораз како во Чанаккале

1603991
Церемонија пред Споменикот на шехидите во Чанаккале по повод 18 март - Денот на сеќавање на шехидите

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, говореше на церемонијата по повод 18 март - Денот на сеќавање на шехидите и 106-годишнината од Поморската победа на Чанаккале Церемонија што се одржа пред Споменикот на шехидите (паднатите борци) во Чанаккале.

Шентоп истакна дека судбината на секој непријател кој гаи претензии кон територијалниот интегритет на Турција ќе резултира со тежок пораз како во Чанаккале.

Нагласувајќи дека аманетот на шехидите (паднатите борци) денеска е во рацете на нивните многу посилни и доверливи деца, Шентоп во својот говор го рече следното: „Секоја држава и општество кои воспоставуваат мирољубиви и пријателски односи со Турција од тоа ќе обезбедат само корист и со тоа ќе придонесат и за светскиот свет.“

На церемонијата говореше и министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој кој рече: „Чанаккале, е местото кадешто заедништвата формирани над интереси се поразени пред братствата коишто пуштиле корења низ вековите. Оние со единствено знаме, единствена татковина, единствено верување се сплотија и овде ги победија само оние кои имаа страсти.“

„Историјата на овој голем народ е целина, не можеме, нема да дозволиме да биде поделена.“ - порача министерот Мехмет Нури Ерсој.



Слични вести