Реакција од Турција до САД: Повикуваме да се почитуваат судските процеси

Министерството за надворешни работи покажа реакција против соопштението на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со пратеникот Омер Фарук Гергерлиоглу на кого му е укинат пратеничкиот имунитет

1603720
Реакција од Турција до САД: Повикуваме да се почитуваат судските процеси

Турција ги покани средините кои се обидуваат да се мешаат во нејзините внатрешни работи да ги почитуваат судските процеси.

Министерството за надворешни работи покажа реакција против соопштението на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со пратеникот Омер Фарук Гергерлиоглу на кого му е укинат пратеничкиот имунитет.

Портпаролот на американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс објави писмено соопштение во кое истакна дека ги следат одблизу случувањата во Турција како што е укинувањето на пратеничкиот имунитет на пратеникот Омер Фарук Гергерлиоглу на 17 март (вчера).

Турското министерство за надворешни работи во одговорот што го даде по ова прашање со објавување на соопштение, го истакна следното: „Пратеничкиот имунитет на Гергерлиоглу против кого е донесена правосилна судска одлука, е укинат во усогласеност со Уставот и Деловникот за работа на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ). Ги покануваме недоследните средини кои се обидуваат да се мешаат во нашите внатрешни работи да ги почитуваат судските процеси коишто се водат од страна на независните судови.“

Во соопштението се нагласува дека процесот како што може да се види и во други парламенти се состои од применување на правилата на правото (законите).

Во соопштението на Министерството за надворшени работи се истакнува дека политичките партии се од неопходните елементи на демократскиот политички живот и се подвлекува следното: „Заедно со тоа, од суштинско значење е своите активности да ги остваруваат по мирољубиви патишта во рамките на универзалните и демократските правила на правото. Ги покануваме недоследните средини кои се обидуваат да се мешаат во нашите внатрешни работи да ги почитуваат судските процеси коишто се водат од страна на независните судови.“

 



Слични вести