Потпретседателот Фуат Октај: Турција ќе стане еден од најзначајните производствени центри во постепидемискиот период

Потпретседателот Fuat Октај истакна дека по епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција ќе стане еден од најзначајните производствени центри

1603413
Потпретседателот Фуат Октај: Турција ќе стане еден од најзначајните производствени центри во постепидемискиот период

Потпретседателот Фуат Октај во својство на специјален гостин говореше на отоворањето на состанокот за стратешки дијалог за Турција што се одржа вчера во виртуелна средина во склопот на Светскиот економски форум (WEF).

Потпретседателот Октај во своето излагање овде истакна дека по епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција ќе стане еден од најзначајните производствени центри.

Потсетувајќи дека заедно со целиот свет и Турција е подложена на влијанието на епидемијата, Октај рече: „Под лидерство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Турција напиша една беспримерна приказна за успех којшто обезбеди придонес за просперитетот и отпорноста на нашата економија во секоја сфера, вклучувајќи ги и здравството, социјалната заштита, дигитализацијата и производството, со што стана пример за светот во борбата против пандемијата.“

Фуат Октај нагласи дека Турција во процесот на епидемијата зацрта позитивна перспектива во бројни сфери и ја изнесе следната констатација: „Додека Турција и Кина бележат позитивен раст, развиените економии во значителна мера се намалија.“

Подвлекувајќи дека во вакцината против Ковид-19 Турција се наоѓа меѓу 5'те земји во светот, Октај истакна дека освен тоа Турција им ја подаде својата рака за помош и на земјите кои имаа потреба од помош и поддршка во овој тежок период.

Потпретседателот Фуат Октај нагласи дека исто така се фрлени сите неопходни чекори за развивање на средината на инвестирање и предвидливоста. 

„Турција, со нејзината геостратешка позиција, развиената работна сила, високиот потенцијал во внатрешниот пазар, со помош и на нејзиниот динамичен и конкурентен приватен сектор, ќе стане најзначајниот алтернативен центар за производство во постепидемискиот период.“ - рече Октај.

 



Слични вести