Порака од министерот Акар по повод 106-годишнината од победата на Поморската битка на Чанаккале

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар објави порака по повод одбележувањето на 18 март - Денот на сеќавање на шехидите и 106-годишнината од Поморската победа на Чанаккале (Дарданелите)

1603435
Порака од министерот Акар по повод 106-годишнината од победата на Поморската битка на Чанаккале

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар објави порака по повод одбележувањето на 18 март - Денот на сеќавање на шехидите и 106-годишнината од Поморската победа на Чанаккале (Дарданелите).

Акар во пораката напиша: „Турската војска Мехметчик која во минатото се бореше до својата последна капка крв пред оние кои се обидоа да ја окупираат нашата татковина, и денеска со истиот дух ја продолжува со елан и одлучност својата борба против секој вид закана и опасност.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Победата на Чанаккале (Дарданелите) која стана повод да се појави на историската сцена (основоположникот на Република Турција) Гази Мустафа Кемал Ататурк како голем командант, заклучно со нејзините резултати го промени текот на турската и светската историја и обезбеди турскиот народ да се здобие со волја и самодоверба за изградба на сопствената иднина.



Слични вести